Ѓоковиќ не добил зелено светло за влез на американска територија

Новак Ѓоковиќ загуби во полуфиналето на турнирот во Дубаи, а нешто подоцна добил лоша вест и од Соединетите Американски Држави.

Српскиот тенисер добил известување дека нема да може да се натпреварува на претстојните турнири на американска територија, бидејќи одговорната служба не дозволила исклучок за светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ не е вакциниран за коронавирусот, а во САД на сила се уште е правилото дека странски државјани со ваков статус не можат да влезат во земјата.

Веста ја пренесе Рик Скот, сенатор од Флорида, кој добил информација дека „Хоумленд секјурити“ не го одобриле барањето на Новак, па побара тој да добие специјална дозвола од претседателот Џо Бајден.

Нејасно е дали американскиот претседател ќе се инволвира во случајот, а ако тоа не се случи Ѓоковиќ ќе мора да ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ПОБЕДА: МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 1:0

Репрезентацијата на Македонија победи против европскиот првак Италија. По изиграното нерешено полувреме Македонија го обезбеди својот пласман во…
Повеќе

Почина Чиро Блажевиќ

Почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот селектор и селектор на Хрватска. Почина на 88-годишна возраст по долга борба со…