Ѓоковиќ призна: Заразен со Ковид доделив пехари на деца и дадов интервју за „Л’Екип“!

Без разлика на добиената битка пред судот во сојузната држава Викторија и дозволата да влезе во Австралија каде што веќе се подготвува за гренслем-турнирот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ сѐ уште е во центарот на вниманието на јавноста поради сомнителноста на позитивниот тест на Ковид-19, кој наводно го имал на 16 декември.

Србинот за да ги разјасни сите дилеми, издаде соопштение, објаснувајќи дека навистина бил позитивен, но и дека е точно дека доделувал пехари на деца заразен со коронавирусот, но само поради доцно добивање на резултатите од тестот.

„Сакам да одговорам на дезинформациите за моите активности и присуство на настаните во декември, а кои се поврзани со мојот позитивен резултат на ПЦР-тестот за Ковид-19. Сакам да истакнам дека многу се трудев да обезбедам сигурност за сите, како и да обезбедам целосна соработка во однос на обврските поврзани со тестирањето. Бев на кошаркарски натпревар во Белград на 14 декември, по што беше пријавено дека неколку луѓе кои биле таму биле позитивни на коронавирусот. Иако немав симптоми, направив брз тест на 16 декември, кој беше негативен, но како дополнителна мерка на претпазливост, истиот ден направив и официјален ПЦР-тест. Следниот ден присуствував на тениски настан во Белград за доделување награди на деца, апред да заминам таму пак направив антиген тест, кој пак беше негативен. Немав симптоми, се чувствував добро и затоа заминав, а известувањето за позитивен ПЦР-тест го добив дури по тој настан“, објаснува Ѓоковиќ.

Тој потврди дека заразен дал интервју за француски „Л’Екип“.

„Следниот ден бев во мојот тениски центар во Белград, за да ја исполнам претходно договорената обврска за интервју и снимање за Л’Екип. Се чувствував должен да го направам интервјуто, бидејќи не сакав да го изневерам новинарот, но се држев до мерката на социјално дистанцирање и носев маска, освен за време на снимањето. По интервјуто и снимањето отидов дома и се изолирав за планираниот период, но сега ми е јасно дека згрешив во проценката и дека требаше да ја одложам оваа обврска“, дополнува Србинот.

Total
9
Shares
Поврзани објави