Ќе се гласа доверба на Влада, најавени 61 пратеник ЗА – што пишува во иницијативата

Опозицијата денеска во Собранието ја достави иницијативата за гласање доверба на Влада. Во прилог на образложението по повод барањето за покренување прашање за доверба на Владата се достави и списокот со потписи на пратениците кои го поднесуваат барањето за гласање на Доверба на Владата.

„Слободен печат“ дојде до текстот на образложението во кој се нагласува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ, не донесе значајни резултати во претходните 5 години, туку напротив, владее со измами и пазарења, за сметка на најважните прашања за народот“.

„Наместо да го сочуваат достоинството на државата и нејзините граѓани, тие за секој одминат ден се’ повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлација и афери кои се мултиплицираат на дневна основа.

Владата, предводена од Зоран Заев, ги изневери граѓаните, што се виде од резултатите на одржаните локални избори, кои всушност беа рефендумско изјаснување против сегашната Влада и нејзините политики.

Останувањето на оваа Влада, по таков изборен резултат, без кредибилитет, без јасна мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на напластените проблеми, ќе значи само продлабочување на политичката криза. Дополнително со економската криза, енергетскиот шок, ковид- тенденциите кои се загрижувачки, сериозно ќе ја клекнат државата на колена.

Сведоци сме сите на криминалот и корупцијата на власта, изневерени се сите надежи на граѓаните за подобар живот, не постои функционален систем на владеење на правото, ниту правна држава. Граѓаните заслужуваат напредок на државата и на народот. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија на предизвиците. Време е поделбите и конфликтите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат, време е за промени.

Изминативе 5 години се доказ дека оваа влада владее со конфликти и не’ оддалечува од Европската Унија, само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегиите коишто безмилосно ги уживаат функционерите на власт на грбот на народот. Не се грижат ниту за државата, ниту за народот, ниту за приближувањето на државата кон Европската Унија. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси назад.

Поради сето горенаведено, ние – долупотпишаните пратеници, бараме Собранието да гласа за доверба на Владата“, стои во образложението за барањето да се гласа доверба на Владата.

ЗА недоверба ќе гласа и пратеник кој изјави дека не прифаќа коалиција со Левица за ова прашање ,но сепак денеска од ВМРО – ДПМНЕ нагласија дека засега ова е само договор меѓу партиите за да се сруши Владата на Заев, а понатаму ќе се разговара за евентуални коалиции. Од таму потврдија дека пратеникот од албанскиот блок ќе гласа ЗА.

Total
1
Shares

USJE
Поврзани објави