Џамбаски му се закани на Пендаровски со атентат

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, во изјава за бугарска Нова, коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека ќе ѝ предложи на Владата европратеникот Џамбаски да биде прогласен за персона нон грата, индиректно му се закани со атентат, потсетувајќи на атентатот на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.

Што се однесува до тоа да ми биде забрането да влезам во Македонија, нека се потсети Стево Пендаровски, претседателот на Северна Македонија, познат по прекарот Стево Коминтерната, дека многу други луѓе се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија и резултатот на тоа бил, да речам, последниот таков резултат се случил со југословенскиот, српски крал Александар Караѓорѓевиќ. Така што, да учиме од историјата, ако се обиде да ми забрани влез во Македонија, нека ја види историјата и нека учи од неа, рече Џамбаски.

На прашање на новинарот на Нова дали се препознава во изјавата „на еден европратеник од Бугарија ќе му биде забранет влез во Македонија, а ако се обиде да влезе, ќе биде прогласен за персона нон грата“, Џамбаски одговар.

Total
1
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на…