Авион „Цесна“ се урна вечерва во Балтичкото Море

Авион „Цесна“ се урна вечерва во Балтичкото Море, објави „Билд“. Авионот полетал од југот на Шпанија и се упатил кон Германија, поточно кон градот Бон.

По полетувањето имало проблем со притисокот во кабината. На Пиринејскиот Полуостров била прекината секаква комуникација со авионот.

Шпански и француски борбени авиони полетале за да дознаат што се случило со „Цесната“, но не успеале да остварат контакт.

Според првичните информации, во леталото освен пилотот имало и тричлено семејство, односно вкупно 4 лица.

Шведската крајбрежна стража испрати бродови и хеликоптер на местото на несреќата. Според последните информации, тие забележале дамка од гориво во морето и пронашле делови од урнатините.

Се стравува дека нема преживеани.

Total
0
Shares
Поврзани објави