Австрија испраќа 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во раните утрински часови пристигна првата група од конвојот на Австрија со Тимовите за заштита од пожари составена од 60 припадници на противпожарната служба и 20 возила, додека втората група се очекува да пристигне во текот на денот.

(фото: ДЗС)

Вкупниот број од австрискиот конвој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки.

Конвојот беше пречекан од претставници на Дирекција за заштита и спасување на граничниот премин Табановце и упатен во една од најкритичните места опфатени со пожари во источниот дел на државата.

Total
0
Shares
Поврзани објави