Автомобил синоќа удри во пешак во близина на постојката пред општина Кисела Вода

Синоќа околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек, објави Телма.

На повредениот кој паднал на асфалтот на булеварот Борис Трајковски, му помогнале граѓани и повикале Итна медицинска помош, која по укажаната прва помош, го префрлила во  болница.

Автомобилот кој го повредил, по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

По два трагични настани на усмртување на пешаци, има зголемено присуство на полицијата на терен.

Извор/Телма

Total
0
Shares
Поврзани објави