Актерката Силвија Стојановска ослободена од обвинение за 700 кг кокаин

Апелација побара, основниот суд пресуди и ги зеде предвид напаствијата да се разгледаат доказите дали актерката Силвија Стојановска е виновна за производство, дистрибуција и организирање мрежа на продавачи и посредници за запленетите 700 килограми кокаин во Шпанија.

Такви докази обвинителството не приложило и наместо 3,6 години затвор како во претходната пресуда, актерката денеска од судечкиот совет доби ослободителна пресуда на повтореното судење.

Адвокатот на актерката вели дека несреќата во овој случај е врската со нејзиниот бивш брачен другар и за жал, тврди тој, таа брачна врска била единствен аргумент на обвинителството кое не успеало да го докаже кривичното дело и обвинението дека таа е вмешана во транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија во 2019-та заедно со нејзиниот тогашен партнер.

Total
0
Shares
Поврзани објави