Албанија лансираше два сателити во вселената

Сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ го започнаа својот пат во вселената.

Веста ја соопшти премиерот на Албанија Еди Рама споделувајќи видео на Фејсбук каде можеше во живо да се проследи лансирањето на ракетата „Фалкон 9“ која ги транспортира и сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ во вселената. Ракетата, како што додаде тој, е лансирана од базата Кејп Канаверал во Флорида, САД.

„Од денес Албанија има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и администрирање на територијата, обезбедувајќи важни податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој“, – напшиа Рама на ФБ.

Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеси, изјави дека ова е реализирано преку договор кој на земјата ѝ овозможува ексклузивно право на употреба на овие два сателити за период од три години.

Според тоа, Албанија ќе ги користи сателитите за обработка на геопросторни информации (ГИС), како и за обезбедување визуелни производи на голем број институции и субјекти, јавни или приватни, чија работа е поврзана со територија, води, шуми, пожари, урбан отпад, земјоделско производство, урбан развој, имотни листови.

Total
0
Shares
Поврзани објави