Александар Петличковски нов претседател на Комисијата за заразни болести

Според некои неофицијални информации кои што пристигнаа до редакцијата на Сител, Комисијата за заштите од заразни болести ќе има нов претседател на местото на досегашниот претседател Жарко Караџовски.

На местото претседател на комисијата доаѓа докторот Александар Петличковски, докторот Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол на оваа комисија, а според оние информации со кои што располага Сител во неа ќе биде и докторот Нико Беќаровски.

За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.

sitel.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави