Алек Болдвин – Доколку се чувствував одговорен, можеби би се самоубил

Алек Болдвин вели дека чувствува неверојатни тага и жалење за пукањето во кое загина снимателка на снимањето на филмот „Раст“ во Ново Мексико, но не и вина.

„Некој е одговорен за тоа што се случи, не можам да кажам кој, но не сум јас. Доколку се чувствував одговорен, можеби би се самоубил“, изјави Болдвин во првото јавно интервју по трагичниот инцидент на 21 октомври.

Тој вели дека е суштински да се открие кој го ставил куршумот во пиштолот, кој требало да биде празен. Во инцидентот загинаа снимателката Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше повреден.

„Јас не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол во никого и би го повлекол чкрапалото. Никогаш“, кажа Болдвин во интервјуто за Еј-Би-Си.

Тој тврди дека Хачинс била таа која побарала да го впери пиштолот кон камерата, пред случајно да запука. Додаде дека дури по 45 минути сфатил дека во пиштолот имало вистински куршум.

Според судските документи, Болдвин го добил пиштолот од асистентот на режисерот Дејв Холс, кој пак го земал од 24-годишната оружарка Хана Гутиерес-Рид. И двајцата кажале дека не знаат како вистинскиот куршум се нашол во пиштолот.

Болдвин призна дека неговата кариера можеби е завршена.

„Можеби е“, кажа тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави