Американски функционери тврдат дека во Полска паднале украински ракети истрелани за да урнат руски проектили

Според првичните информации кои за агенцијата AP  (Associated Press) ги дале тројца американски безбедносни функционери, ракетите кои паднаа во Полска, биле истрелани од украинските сили како обид да урнат руска ракета која што се приближувала кон својата цел на украинска територија.

-Украинците истрелале проектили за да се одбранат од рускиот напад кој бил насочен кон енергетската инфраструктура на Украина, истакнале изворите на агенцијата AP.

Полското МНР објави дека станува збор за проетили од руско производство. Поради експлозиите во кои загинаат двајца Полјаци, министерот за надворешни работи Збигњев Рау го повика рускиот амбасадор и побара од него итни детални објаснувања за настанот, соопштои МНР на Полска.

Рсија негираше дека двата проектили се истрелани, а Полска ја зголеми борбената готовност и го активираше членот 4 од Атлантската повелба на НАТО и како членка изрази загриженост за својот територијален интегритет и безбедноста на држвата од друга држава или терористичка организација.

Total
0
Shares
Поврзани објави