Анонимус ѝ објави војна на руската влада, ги сруши страниците на Раша тудеј, Кремљ, Думата…

„Анонимус официјално е во сајбер-војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.

Хакерските активисти собрани во колективот Анонимус немаат раководство ниту се знае кои се членовите. Нивното мото е „Ние сме мноштвото“, што значи дека се голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е нивен член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.

Тие синоќа издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што неколку часа подоцна и се случи.

Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот утрово по локално време.

Вчера Анонимус ја хакираше и ја собори страницата на Путиновата државна телевизија Раша тудеј. Страниците на РТ беа привремено недостапни.

И веб-страниците на руската влада, Кремљ, Думата, Министерството за одбрана беа погодени од сајбер-напади, при што некои од веб-локациите беа забавени, а други беа отстранети од интернет на подолг период во текот на денот.

Total
0
Shares
Поврзани објави