Апасиев: Џандар без да се легитимира ми рече да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”!

Ноќва возам накај Штип.
Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс.
Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?

Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање “дување”!? Му викам, господине, ја “дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник, ви треба налог оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Сфаќа дека ја укакал.
Дувам, алкохол 0.00.
Ми вика слободен си.
Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба, Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!
Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони).

После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.

Наравоучение: не се курчи, коа не знаеш право!

ДИМИТАР АПАСИЕВ – ПРАТЕНИК

Total
0
Shares
Поврзани објави