Аптеките добија антибиотици оспен и амоксиклав

Аптеките во земјава веќе се снабдени со антибиотиците „Оспен“ и „Амоксиклав“, кои главно се користат за деца, а повеќе од 3 месеци ги немаше на полиците на аптеките. Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека од вчера се дистрибуираат значителни количини од овие антибиотици и оти проблемот е надминат. Според него, целиот свет се соочува со недостиг на антибиотици и оти слични проблеми во земјава се очекуваат и во иднина.

„Имаме информација од „Малмед“, Агенцијата за лекови дека моментално сме снабдени и оти овој проблем повеќе не постои. Немаше материјал за овие антибиотици, можеби други земји имаа резерви од порано, но од директорот на „Малмед“ бевме известени дека веќе немаме такви проблеми. Нема недостиг на лековите, со сигурност можам да кажам“, рече министерот Меџити.

Total
0
Shares
Поврзани објави