Арсовска ја разреши Петрушевска од „Лајка“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја разреши од функцијата Тина Петрушевска и за в.д. директор на јавното претпријатие „Лајка“ го назначи Воислав Димитровски.

Како што соопшти Град Скопје, Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување систем за контрола на популацијата на кучиња.

– Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија. Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија, соопшти Град Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави