Бајден го нарече Путин касап и порача: Овој човек не може да остане на власт

epa09851194 A handout photo made available by Polish Prime Minister’s Chancellery shows US President Joe Biden (C) and Polish Prime Minister Mateusz Morawiecki (2L) during a visit a reception point for Ukrainian refugees at the National Stadium in Warsaw, Poland, 26 March 2022. US president Joe Biden arrived in Poland for a two-day visit during which he is scheduled to hold talks with his Polish President Andrzej Duda, and make an address at the Royal Castle in Warsaw. Biden is coming to Poland straight from Brussels, where he attended an extraordinary Nato summit, a European Council meeting and a G7 summit on 24 March. EPA-EFE/KRYSTIAN MAJ / POLISH PRIME MINISTER’S CHANCELLERY / HANDOUT POLAND OUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

За време на престојот во Полска американскиот претседател се сретна со украинските бегалци сместени во Варшава, а одржа и говор во Кралскиот. На Украинците им порача дека стои зад нив, а на Русите дека тие не се непријатели и оти одбива да поверува дека народот во Русија се согласува со тоа со проектили и бомби да бидат гранатирани болници, училишта, породилишта и да бидат убивани невини жртви

За коментарот дека Путин е касап, се огласи и Кремљ. Во изјава која ја пренесе руската новинска агенција ТАСС, официјална Москва одговара дека ваквиот коментар на Бајден ги нарушува изгледите за подобрување на односите со Вашингтон

Американскиот претседател, Џо Бајден, за време на средбата со украинските бегалци во Полска, го опиша претседателот на Русија, Владимир Путин, како касап.

„Секој ден се занимавате со Владимир Путин, погледнете што им направи тој на овие луѓе. Што мислите?“, праша еден од новинарите.

„Тој е касап“, рече Бајден.

Американскиот претседател кажа дека секој од бегалците со кои разговарал побарал од него да се моли за безбедноста на нивните татковци или браќа кои останеле во Украина.

„Секое од тие мали деца рече нешто во смисла ’молете се за мојот татко кој се бори‘. Се сеќавам како е кога имаш некој близок во воена зона. Се будите секое утро и се прашувате како се. И се молите да не го добиете оној телефонски повик“, рече Бајден.

Бајден во Полска отпатува во рамки на неговата европска турнеја, на која претходно учествуваше и на вонредниот самит на НАТО во Брисел во врска со руската инвазија на Украина. Средбата со украинските бегалци беше организирана на стадион во Варшава, а по неа американскиот претседател одржа и говор во Кралскиот замок во Варшава.

„Битката за демократија не можеше да заврши, и не заврши со крајот на Студената војна. Во текот на последните 30 години силите на автократијата оживеаја насекаде низ светот, белезите од нив ни се познати. Презир кон владеењето на правото, презир кон демократската слобода, презир кон самата вистина. Денес Русија ја задави демократијата и се обиде да некое друго место“, рече Бајден.

Американскиот претседател во говорот кажа и дека Владимир Путин лаже кога зборува дека сака да ја денацизира Украина.

Покрај пораката до украинскиот народ дека „стои зад нив“, Бајден му се обрати и на народот во Русија.

„Дозволете да ви го кажам ова, ако можете да слушнете. Вие, рускиот народ не сте наш непријател. Одбивам да верувам дека го поддржувате убиството на невини деца, баби и дедовци. Или дека се согласувате со руски проектили и бомби да бидат гранатирани болници, училишта, породилишта. Или градовите да бидат опколени за цивилите да не може да избегаат и да биде прекинато снабдувањето со храна, да се изгладнат Украинците за да се покорат. Милиони семејства се протерани од своите домови. Ова не се постапки на една голема нација“, рече Бајден.

Тој својот говор го заврши со уште една референца за Владимир Путин велејќи дека „овој човек не може да остане на власт“.

За време на престојот во Полска, Бајден претходно имаше средби и со полскиот државен врв, а се сретна и со шефот на дипломатијата на Украина, Дмитро Кулеба.

„Ниту една друга земја не ѝ даде поголема поддршка на Украина од САД. И тоа е од клучно значење“, рече Кулеба во врска со средбата со американскиот претседател.

Украинскиот министер не кажа дали и каква дополнителна воена помош договориле но порача дека „добиле ветувања од САД за тоа како ќе се одвива одбранбената соработка во иднина“.

За коментарот дека Путин е касап, се огласи и Кремљ. Во изјава која ја пренесе руската новинска агенција ТАСС, официјална Москва одговара дека ваквиот коментар на Бајден ги нарушува изгледите за подобрување на односите со Вашингтон.

Total
0
Shares
Поврзани објави