Бајден потпиша санкции против Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина.

– Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер.

Тој изјави дека САД ги продолжуваат консултациите со сојузниците, партнерите и со Украина за следните чекори.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки вчера најави дека Бајден ќе потпише декрет со кој „ќе се забрани какви било нови американски инвестиции, размена или финансирање“ во проруските области Доњецк и Луганск.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Падна владата во Црна Гора

Пратениците на Собранието на Црна Гора на вонредна седница синоќа го изгласаа предлогот за недоверба на Владата предводена…