Бајден: Русија ќе напаѓа со биолошко оружје

Населението да се подготви за неселективно руско гранатирање на цивилните објекти. Украинската армија со најново предупредување – се очекува руските сили да користат оружје со висока прецизност за да ги уништат опколените градови. Се претпоставува дека руските сили го губат офанзивниот потенцијал и се принудени да повикаат засилување и да ја сменат тактиката. И американскиот претседател Бајден, рече дека Путин е притиснат до ѕид, а според разузнавачите следно што Путин може да употреби против Украина е хемиско и биолошко оружје.

Русија се подготвува и за сајбер напади врз САД.. Нивната моќ е многу софистицирана и затоа следно на дневен ред во тетратката на Путин се токму злобните сајбер активности, вели Бајден.

Мојата администрација издаде нови предупредувања дека врз основа на разузнавачките податоци кои се развиваат, Русија можеби планира сајбер напад против нас. Како што реков, големината на сајбер капацитетот на Русија е прилично значајна, и таа доаѓа. Владата го прави својот дел за да се подготви, додаде Бајден. 

 За Кремљ, обвинувањата од Бајден се еднакви на бандитизам.

Русија веќе искористи хиперсонична ракета во напад врз украински цели. И планира да ги користи за уништувања на специјални објекти. И покрај тоа што Украинската армија тврди дека ја забавила предноста на непријателот, сепак руската страна покажа дека го зголемиле авијациското присуство. Претседателот Зеленски, денеска пред италијанските пратеници рече дека Украина се бори со последните сили. Претходно, тој повторно повика на директни преговори со Путин. Подготвен е на компромиси, согласен е да не бара членство во НАТО, но за донбаскиот регион ќе остави народот да одлучи.

Total
0
Shares
Поврзани објави