БГНЕС: Франција денеска официјално ќе го испрати предлогот за укинување на бугарското вето

Францускиот предлог за кревање на ветото на Македонија денеска од Париз патува до сите 27 земји членки вклучително и до Бугарија.

Веста за последниот обид на Макрон во последен момент да направи пробив за почеток на преговорите за земјава пред јунскиот самит, ја објавуваат неколку бугарски медиуми.

Според агенцијата БГНЕС, која се повикува на извори од вчерашната владина седница, самиот Петков се пофалил дека лично Макрон и Шолц стоеле цврсто зад него и зад предлогот, кој веќе утре бугарскиот премиер ќе го испрател до бугарското собрание, кое сега ја има единствената надлежност да прифати или отфрли предлози.

Како што неофицијално дознава бугарски БНР, предлогот предвидувал укинмувањето на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Македонија ќе ги исполни условите на Софија.

Но, евентуалното зелено светло на бугарското Собрание станува се понеизвесно, зашто во секој момент Парламентот може да и изгласа недоверба на владата на Петков.

Дека опозицијата, засилена со пратениците на Трифонов, во моментов има мнозинство во Собранието се потврди на денешната седница, на која со 125 гласа, четири повеќе од потребните, беше разрешен собранискиот спикер Никола Минчев. На седницата неизбежна тема беше и Македонија, особено по вчерашните тврдења на Генчовска дека Петков ветил кравање на ветото до крајот на јуни и ревидирање на бугарската позиција кон Македонија.

– Тоа ќе го разбереме денеска или утре, ако навистина се покаже точно дека во Комисијата за надворешна политика се внесе предлог за промена на бугарската позиција во однос на Мкаедонија, што е национално предавство. , вели Костадин Костадинов, претседател на „Преродба“.

-Г-н Минчев, го прекрши законот на оваа сала и се обиде на секаков начин да го скрие лицето на еден национален предавник, кој седи пред сите вас во овој момент. Три месеци еден човек се обидувал да ја продаде бугарската историја. , рече Станислав Балабанов, пратеник од „Има таков народ“

– Најголем приоритет на Бугарија денес да биде смената на Никола Минчев? Дали оставката на господин Минчев е поважна од цените на струјата или поважна од висината на пензиите? Вие одлучивте дека не треба да донесете барем еден од 22-те закони кои се потребни за да се апсорбираат 12 милијарди од Планот за закрепнување? , рече Кирил Петков, премиер на Бугарија

Последната политичка аритметика покажа дека на владата на Петков му се потребни уште седум пратеника за да дојде до неопходната бројка од 121 за го задржи мнозинството. Опозицијата предводена од Борисов и 20-те пратениците на Трифонов има 126. Кога гласањето недоверба на владата ќе биде ставено на дневен ред се уште не е познато.

Kanal5.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави