ИЈЗ денеска во извештајот доставен до МЗ, пријави починато дете на шест месечна возраст, кое во регистарот Мој Термин е заведено дека починало на 03.01.2022. Според податоците добиени од Клиниката за детска хирургија, станува збор за дете со вродена аномалија на черепот. Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија. Со цел постоперативно третирање детето е хоспитализирано на Клиника за детска хирургија. По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и реанимација, но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално.
Поврзани објави
Новинарот Салиу се збогува со загинатото момче – „Никој не собра храброст да промени нешто“
Новинарот Фуркан Салиу преку социјалната мрежа фејсбук се збогува со Мусли, младото момче кое почина во кобната сообраќајна…
Банки алармирале дека Груевски ги празни сметките уште пред три месеци
„Макфакс“ од извори во Управата за финансиско разузнавање дознава дека Груевски почнал полека да ги празни сметките од…
Од февруари,покачување на платите на вработените во Клинички центар
Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа…
Чичко Пандо пронајден починат, барал помош никој не му помогнал?
Потрагата по исчезнатиот Пандо Лазовски заврши трагично , тој е пронајден починат. Според објавите на негови блиски Лазовски…