БЕГ ги изгуби сите лиценци за греење, допрва ќе се одлучува кој и за колку пари ќе ги грее скопјани

Од октомври БЕГ повеќе нема да ги грее скопјани. Регуалторна комисија,  отпочна постапка за одземање на трите лиценци на компаниијата. Откако ќе бидат одземени,  државата треба да распише тендер за избор на нов вршител на дејноста. Првиот човек на РКЕ Бислимовски  очекува дека целата постапка ќе заврши пред почетокот  на новата герјна сезона. Уверува дека ниту граѓаните ниту индустирјата нема да останат без греење. Додека не се избере нова комапанија БЕГ има обврска да го прави тоа. Иако лиценците на БЕГ, се со подолг рок на важност Бислимовски тврди дека нема да  треба  на компанијата за тоа да и се плаќаат соодветни казнени пенали.

-ЈАС МОЖАМ НА ВЛАДАТА ДА И ПРЕПОРАЧАМ КОНЕЧНО ВО ОВОВЈ СЕКТОР МОРА ДА С ЕУКИНАТ ТРИТЕ ДЕЈНСОТИ ПРОИЗВОДСТВО ДИСТРИБЦИЈА И СНАБДУВАЊЕ ДА ИМА ЕДНА ЛИЦЕНЦА И КАКО ШТО Е ВО ПОГОЛЕМИТЕ ГРАДОВИ ВО ОКОЛИНАТА ВЛАДАТА ИЛИ ДР ЈАВНИ ПРЕПТИЈАТИЈА ДА СИ ГО ПРЕЗЕМАТ ВРШЕЊЕТО НА ОВАА ДЕЈНОСТ, ВЕЛИ МАРКО БИСЛИМОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РКЕ.

Иако од РКЕ точно не ја  прецизираа точно причината за одземањето на лиценците,  од БЕГ за Телма тврдат  дека тоа е поради лошата финансисска сосотјба на фирмата , од енергетската криза која се уште трае.

Неофицијално Телма дознава дека по оваа состојба, во игра се неколку опциии.  Првата е работата на БЕГ  да отиде во рацете на Град Скопје-  можност  за која се зборува   последните неколку  години и за која претходниот градоначалинкк Шилегови,  достави барање до РКЕ за преземање на топловодната мрежа. Се формираше и претпријатие ГЕС за дистрибуцуија со топлинска енетргија. Но РКЕ не ја додели лиценцата, а ГЕС поведе спор против оваа одлука

Втората можност е БЕГ да продолжи да ја врши дејноста преку ЕСМ како што фунцкионираше во време на кризна состојба. А доколку  ниту една од овие оцпии не успее, во тој случај државата да објави тендер на кој ќе се врши избор на компанија.

Пред извесно време Адора Инжењеринг во сопственост на Чифлиганец на лицитација за 9, 3 милиони евра го купи имотот на Топлификација.

Прашан дали ќе достави понуда долку државата отвори тендер за избор на компанијата која ќе ја врши работата на БЕГ, од таму одговорија дека и покрај исплатената сума и даноци за купопридажбата не може да го преземат имотот.

„ДО ДЕН ДЕНЕС НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ НЕ И СЕ ОВОЗМОЖИ ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ПЛАТЕНИОТ ИМОТ ОД СТРАНА НА СТЕЧАЈНИОТ УПРАВНИК И БЕГ, НИТУ ПАК СЕ РЕГУЛИРАНИ МЕЃУСЕБНИТЕ ОДНОСИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИСТИТЕ. СИТЕ ИДНИ ПОСТАПКИ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЌЕ БИДАТ ВО ИНТЕРЕС НА ДОБРОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ГРЕЕЊЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ, А ТОА Е ЕДИНСТВЕНО МОЖНО ВО СОРАБОТКА И КООРДИНАЦИЈА СО ИНСТИТУЦИИТЕ НА ДРЖАВАТА“, ИЗЈАВИЈА ОД АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ.

Сепак со  оваа ситуаицја е неизвесно какво греење ќе добијат граѓаните од следната сезона со оглед на тоа што оваа зима доста граѓани се жалеа на млаки радијатори и недовлно топлчина во нивните домови.

Градско парно користат околу 60 илјаид домаќинства.

извор: telma.com.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави