Бензинот со нова цена 71,5 денари за литар

Бензинот од 98 октани од ноќеска на полноќ ќе се продава за 71,5 денари за литар, а бензинот од 95 октани за 69,5 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денар/литар, најави Регулаторната комисија за енергетика.

Регулаторна комисија информира дека по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 69,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 – 71,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 62,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1 – 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,009 (денари/килограм)

Според анализите на регулаторите, во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,681%, дизелот за 1,934%, екстра лесното масло за 1,962% и кај мазутот зголемувањето е за 2,07%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,724 %.

Total
0
Shares
Поврзани објави