Бесплатниот роаминг не значи и бесплатен интернет

Граѓаните од денеска ќе може слободно да комуницираат преку своите мобилни  додека се наоѓаат во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, но најавуваниот бесплатен роаминг не е баш бесплатен. Граѓаните ќе мора да внимаваат, затоа што и покрај олеснетите услови, сепак постојат низа ограничувања во разговорите и интернет услугите.

Процесот „роаминг како дома“, велат познавачите – не значи и бесплатен интернет. Сурфањето ќе биде по македонски тарифи. Но доколку се надмине предвидениот интернет вклучен во пактот што граѓаниниот го користи, како што тука во Македонија би се наплатило дополнително, така и во овие земји со кои е склучен овој договор.

Околу телефонските повици и СМС пораките од АЕК појаснуваат – граѓаните ќе може да се јавуваат без роаминг трошок за воспоставување повик, а самиот повик ќе се наплаќа по иста цена како и во земјава, истото важи и за смс пораките. Сепак, треба да се напомене дека ова важи само додека сте во овие земји и ѕвоните кон Македонија. Ако од Македонија телефонирате кон некоја од земјите на Западниот Балкан повикот се смета за меѓународен и тој има друга цена.

Операторите во земјава, велат доколку се потроши поголем дел од интернетот, граѓаните ќе бидат информирани. Количината на мобилен интернет што им е на располагање на корисниците во земјите од Западен Балкан, зависи од месечната претплата на тарифниот модел и пакетот што го користат. Дополнително појаснуваат  доколку, корисникот  сака и натаму да користи интернет услуги ќе може да си активира дополнителен роаминг пакет, кој ќе чини одредена сума на пари.

Процесот – Роаминг како дома“ почна во 2019 година кога владите на шесте земји потпишаа спогодба со која се согласија прво постепено да ги намалат цените на роамингот, а потоа тие да бидат целосно укинати помеѓу земјите од Западен Балкан.

24вести

Total
0
Shares
Поврзани објави