Блокирани сметките на Клиника Жан Митрев: „Се создава неиздржлив притисок“

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: КРИВИЧЕН СУД ЈА ДОНЕСЕ ПРЕСУДАТА БЕЗ СУДЕЊЕ, СУДИКАТА ЛИДИЈА ПЕТРОВСКА ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ СО КОЕ НАШАТА БОЛНИЦАТА ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕ СО РАБОТА

Клиниката Жан Митрев сака да ја информира јавноста дека на еден ден пред да отпочне судскиот процес, од страна на Кривичниот суд  е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата. 

Укажуваме дека со донесените мерки целосно се блокира работењето на болницата Жан Митрев, која е здравствена организација од јавен интерес.

Клиниката Жан Митрев од денеска не е во можност да ги отплаќа обврските кон банките.

Сакаме да ја информираме јавноста дека ќе направиме се што е во нашите можности и лекувањето на ниту еден пациент нема да биде доведено во прашање иако, постапките на Кривичниот суд, а на барање на обвинителството одат во поинаква насока односно бараат наше затворање. 

Се што баравме е фер судење во однос на лагите и невистините пласирани против нашата Клиника, а добивме „пресуда“ пред отпочнување на судскиот процес.

Токму поради овој развој на настаните кој го очекувавме после седум месечната синхронизирано организирана хајка баравме од јавноста, како и од претставниците на меѓународната заедница во Македонија да се заинтересираат и да го следат судскиот процес. 

Очигледно дека нашите апели беа залудни бидејќи токму пред отпочнувањето на судскиот процесот сме сведоци на брутална блокада со нејасна позадина на Клиниката Жан Митрев. 

Образложението на Кривичниот суд дека се блокираат сметки на правни лица кои не се од интерес на клиниката е целосно неосновано. „ПЗУ Жан Митрев Струмица“ и „Битола“, не можат сами да ги покријат инвестициите и тие ги покрива матичната клиника во Скопје. Другиот правен субјект „Фила Фарм“ работи со позајмица за да може да ги исплаќа побарувањата на правниот субјект „ЛАБС“, кој е исто основан и поврзан со клиниката „Жан Митрев.“  Друштвата кои се наведени се формирани и се финансираат согласно законската регулатива во државата и истите се тесно поврзани со функционирањето на клиниката. Тие вработуваат голем број луѓе и истите се двојно пораснати во капитал.

Потенцираме дека ваквото решение на Кривичниот суд е во спротивност со начелата на презумпција на невиност и создава неиздржлив притисок врз Клиниката Жан Митрев.

Total
0
Shares
Поврзани објави