Богоевски ги доби Ахмети и Џафери на Врховен

Врховниот суд пресуди во корист на поранешниот разузнавач Слободан Богоевски, по побарана ревизија од Али Ахмети и Муса Џафери.

Ахмети и Џафери најпрвин го тужеа Богоевски пред граѓанскиот суд за клевета и навреда, односно по неговото сведочењето пред Окружниот суд во Њујорк во 2014, за случајот “Маџар Телеком”.

огоевски, тогаш сведочеше дека  функционерите на ДУИ зеле поткуп од 7,5 милиони евра за да обезбедат гаранција дека на македонскиот пазар нема да влезе друг телекомуникациски оператор.

Богоевски не одговараше за клевета, односно судовите пресудија во негова корист, а сега пресудите ги запечати и Врховниот суд.

Во пресудата до која дојде “Фокус” пишува дека за дадено мислење во судска постапка, тужениот не може да биде одговорен за клевета и навреда, затоа што таа изјава е дадена пред службени лица.

Исто така Врховниот суд посочува дека сведочењето на Богоевски има елементи на вредносен суд, односно став.

Ахмети и Џафери на Богоевски треба да му исплатат судски трошоци од околу 500 евра.

fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави