Боки 13: Се каам , ми рече куче е ќе те искористи – не те послушав

Бојан Јовановски Боки 13 е во затвор, но преку официјален администратор на неговиот профил на инстаграм и се обрати на Марина Туцаковиќ, српски текстописец со која тој беше многу близок.

Се навршуваат шест месеци од нејзината смрт, па Јовановски и се обрати објаснувајќи дека покрај неговата мајка, таа била единствената жена која го сакала безрезервно, онаков каков што е, а не онаков каков што сакале да биде.

„Во безброј животни ситуации беше моја поддршка, пријател, другар, па на крај соработник кој ми пишуваше стихови за моите песни… Беше единствена вистинска поддршка на моето семејство и на мене лично откако бев притворен и затворен, за разлика од многуте лажни пријатели кои биле само пријатели за да се најадат, напијат и да се офајдат. Марина, нејзниот син, нејзиниот сопруг Фута останаа единствено добро во ова зло, вели Јовановски.

Додава дека не може да прежали што не се испратиле и не се гушнале пред да замине. Туцаковиќ му давала совети, а Боки 13 вели дека за еден му е особено криво што не го послушал.

„Жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кои ми кажа дека најдобро за мене ќе биде да го тргнам од мојот живот, бидејки само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна. Баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо застаното пред касапница. Но времето не се враќа назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, пишува Боки 13.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Матична докторка избркала бремена жена со болно дете – немале пари и докумети кои им изгореле во пожар во кој загубиле две деца!

„Дали Хипократовата заклетва важи кога се во прашање Ромите од Шуто Оризари?!“ Здравјето е основно човеково право загарантирано…