Борис Џонсон би можел да се врати на премиерската функција во Велика Британија

Борис Џонсон би можел да се врати на премиерската функција во Велика Британија само шест недели откако беше заменет со Лиз Трас. Таа вчера поднесе оставка откако нејзината економска програма ја доведе во прашање финансиската стабилност на земјата.

Конзервативната партија, која и натаму има значајно мнозинство во парламентот и нема потреба да свикува избори уште две години, ќе избере нов лидер на 28 октомври, кој ќе биде петти британски премиер за период од шест години.

Изборот најверојатно ќе се сведе на бившиот министер за финансии Риши Сунак и Пени Мордонт, но многумина веруваат во враќањето на Борис Џонсон, кој поднесе оставка во јули, откако го напуштија речиси сите министри. Џонсон, кој моментално е на одмор на Кариби, официјално не се изјаснил дека планира да влезе во трката за премиер, но вакви најави доаѓаат од некои негови блиски соработници.

Меѓу оние кои потврдија дека нема да се кандидираат е Џереми Хант, кој како министер за финансии го отфрли економскиот план на Трас и го помогна нејзиниот пад.

На кандидатите за премиер им треба поддршка од 100 пратеници и ако само еден го надмине овој праг до 15 часот в понеделник, автоматски ќе биде избран.

Total
0
Shares
Поврзани објави