Бранко Црвенковски: Блокадата на Бугарија ќе потрае, ветото ќе остане и на јунскиот самит на ЕУ

Во пресрет на вонредниот коалициски совет, кој денеска треба да се одржи во Софија, на кој главна тема ќе бидат односите со Северна Македонија, во Скопје расте скептицизмот дека во јуни ќе се крене бугарското вето. Поранешниот претседател Бранко Црвенковски кој ретко се појавува во јавноста, денеска на трибината организирана од страна на Советот на амбасадори порача дека македонската јавност треба да се подготви, и од страна на власта и од страна на опозицијата, дека блокадата од страна на Бугарија може да потрае подолг временски период. Според Црвенковски, ветото на Бугарија ќе се повтори и на претстојниот јунски самит на ЕУ.

„Треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големи, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања“, вели Црвенковски.

Во изјавата која што ја пренесе МИА, Црвенковски оценува дека потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности, е голема грешка“. Поранешниот претседател вели дека Договорот не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои, како што нагласи, „до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЈО: Истрага “Поштенска банка”, за Љубчо Георгиевски и Никола Груевски делото застарело ,9 -мина ќе се гонат за перење пари

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите…