Бритни им се обрати на своите обожаватели: Се извинувам што изминатите две години се преправав дека сум добро

Откако сведочеше пред судот, каде Брiтни Спирс бара да се прекине старателството од татко и кое трае 13 години и побара да и се врати животот во нејзини раце , таа им се обрати на своите обожаватели и следбеници на „Инстаграм“ и им се извини што досега ја криела вистината од јавноста.

„Сакам да ви откријам една мала тајна… Верувам дека сите сакаме живот од бајките и според моите објави… Се чини дека мојот живот е прилично совршен… Мислам дека тоа е нешто кон кое се стремиме сите! Тоа беше една од најдобрите карактеристики на мајка ми… Без разлика колку ужасен ден имаше кога бев помлада, поради мене и моите браќа и сестри секогаш се преправаше дека сè е во ред“, напиша Бритни во описот на фотографијата која ја објави со цитат под кој како автор стои Алберт Ајнштајн.

„Го кажувам ова за да свртам внимание на ова затоа што не сакам луѓето да мислат дека мојот живот е совршен, бидејќи воопшто не е. И ако прочитавте нешто за мене во вестите оваа недела… Очигледно сега навистина знаете дека не е совршен. Се извинувам што изминатите две години се преправав дека сум добро. Го правев тоа од гордост и ми беше непријатно да споделам што ми се случува. Но, искрено, кој не сака да има забавен инстаграм-профил? Верувале или не, преправајќи се дека сум добро, тоа навистина ми помогна. Затоа, решив да го објавам овој цитат денес, бидејќи, како што велат, ако поминувате низ пекол… „Инстаграм“ за мене беше кул место на кое можев да го споделам моето присуство… постоење… Место каде се чувствував како да вредам, и покрај тоа низ што поминував… И еј, тоа успеа. Затоа, решив да читам повеќе бајки“, заклучи Бритни, а нејзината објава собра над милион лајкови и огромен број коментари за поддршка за само неколку часа.

За потсетување, Бритни беше под старателски надзор во последните 13 години, што ја спречува да носи големи одлуки во сопствениот живот како лични така и финансиски.

Total
0
Shares
Поврзани објави