Вакцинациите против сезонски грип и против ковид може да бидат истовремено

акцинациите против сезонски грип и против ковид-19 – без разлика дали е прва, ревакцина или е трета доза, може да бидат и истовремено. Ако пак има временска разлика, нема никаква врска колкава е таа временската дистанца.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска кога почна вакцинирањето против сезонски грип. Тоа се одвива во центрите за јавно здравје и делови на здравствените домови и е на различни пунктови од оние каде се врши вакцинацијата против коронавирусот.

Како што изјави Филипче, денеска се отворени 4 300 термини во 18 пунктови ширум државата. Со оваа динамика, тој очекувам дека за десетина дена ќе заврши целокупниот процес на вакцинација.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Балканската музичка ѕвезда, кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ, почина од компликации од ковид-19 во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.…
Повеќе

Го убила мажот со секира

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека извршило кривично дело…