Велешанецот кај кој е регистриран делта сојот: Не сум заразен !

Во една од овие болнички соби на инфективното одделение во Велес лежи 43 годишниот пациент кај кој е лоциран делта сојот. Случајно го затекнавме на тераса, но не сакаше да говори пред камера. Ни раскажа дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожали дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека е заразен, бидејќи симптоми нема, а не е ни имунизиран.

ОТИДОВ НА ПРЕГЛЕД САМО ПОРАДИ ТОА ШТО ИМАВ ПРОБЛЕМИ СО СИНУСИ. ГЛЕДАТЕ И САМИ ДЕКА НИШТО НЕ МИ Е И ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ИЗЛЕЗАМ ОД ТУКА. ПО ДОАЃАЊЕТО КОНТАКТИРАВ САМО СО СОПРУГАТА И ТАА Е ДОБРО, НЕМА НИКАКВИ СИМПТОМИ.

Според информациите од епидемиолзите во анкетниот прашалник е наведена само сопругата. Пациентот слетал во земјава на 21 јуни кога се вратил во велешкото село каде живее, а на 28-ми бил хоспитализиран.

Во моментов активени се само два случаи од кој еден е со делта сој. Спасот докторите го гледаат во имунизацијата. Интересно е тоа што овие два дена интерсот за имунизација во градот е пораснат.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски смета дека не е потребен карантин за градот само поради тоа што има еден случај со делта сојот кој полесно се шири.

Total
0
Shares
Поврзани објави