видео: Дали на светот му се заканува катастрофа поголема од “Чернобил”

Русија и Украина не престануваат меѓусебно да се обвинуваат за ракетирање на нуклеарката во Запорожје, а на социјалните мрежи се гледаат снимки од најголемата електрана во Европа.

На снимките се гледа облак од чад кој доаѓа токму од нуклеарката.

Ројтерс пишува дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предложил областа до електраната да се прогласи за демилитиризарана зона.

Украинската агенција која ги управува четирите електрани во земјата, соопшти дека Запорожје е нападната пет пати и дека некои од ракетите паднале во близина на просториите во кои се чува радиоактивен отпад.

Total
0
Shares
Поврзани објави