Видео: Македонски туристи исчезнаа во море кај Халкидики – Грција

По роденденска прослава тројца македонски туристи скокнале во морето, по што двајца од нив биле однесени од брановите во областа Посиди на првиот крак Касандра на Халкидики. Во тек е голема потрага со хеликоптери и бродови, јавуваат грчките медиуми.

Екатимерини јавува дека туристите исчезнале од плажата „Мити“. Крајбрежната стража била информирана од капачи кои виделе како тројцата млади момчиња биле однесени од морската струја. Крајбрежната стража пронашла еден од исчезнатите кој веднаш бил пренесен во болница. Потрагата по двајца се уште трае. Исчезнатите се на возраст од 20 и 23 години.

Во спасувачката акција ангажирани се хеликоптери и три брода на крајбрежната стража. Во ова подрачје дува силен ветер.

„Локалните жители го знаат ова место и го избегнуваат, но не и некои од туристите“, изјавија мештаните за грчките медиуми и додаваат дека поради северозападните ветрови капачите не можеле да пливаат назад до брегот.

Total
0
Shares
Поврзани објави