Видео: Момче загина во навивачките немири во Монпелје

Момче загина во францускиот град Монпеље за време на судирите меѓу навивачите на Франција и на Мароко по полуфиналето на Светското првенство.

Вистински хаос имаше во неколку градови во Франција, но и во Брисел, Белгија, кој го предизвикаа навивачите на Мароко по поразот во полуфиналето на Мундијалот во Катар.

Во соопштението на локалните власти од Монпеље се наведува дека момчето загинало кога во него насилно удрил автомобил. Префрлено е веднаш во болница, но за жал, починало по приемот во болницата.

Белгиските медиуми, пак, јавуваат дека дека десетина се повредени а стотици приведени по немирите на навивачите кои се впуштиле во судир со полицијата во Брисел, Белгија. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на полициски возила но и оштетување приватен имот.

Total
0
Shares
Поврзани објави