Видео: Нападната Одеса!

Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан која е со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна оти рано изутринава се слушнале силни експлозии во центарот на градот и додаде оти најверојатно е погодено складиште за гориво близу пристаништето

Триесет и деветтиот ден од војната во Украина започна со серија екплозии кои утринава го погодија пристанишниот град Одеса, а има најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црното Море.

Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на својот канал Телеграм профил потврди оти „Одеса била нападната од воздух“ со проектили, од кои некои, според него, биле „соборени од воздушната одбрана“.

Портпаролот на регионалната администрација, Сергеј Братчук, изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса.

„Се надевама дека нема жртви“,посочи Братчук.

Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан, со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна оти рано изутринава се слушнале силни експлозии во центарот на пристанишниот град.

„Силни експлозии во центарот на Одеса во моментов. Прозорците од мојата хотелска соба само се тресеа. Сè уште не е јасно што беше тоа“,истакна таа на Твитер.

Според последните информации уништени се рафинерија и магацини.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Експлозии во Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во градот се случиле неколку експлозии. Имаше неколку…