Видео- Се запали траект кај Крф , Грција

Пожарот избувнал на брод под италијанско знаме во Јонско Море со 237 патници и 51 член на екипажот на релацијата меѓу грчкото пристаниште Игуменица на северозапад и Бриндизи во источна Италија, извести утринава грчката пристанишна полиција.

Сите патници се безбедни и се качени во чамци за спасување, изјави грчкиот државен секретар за трговската морнарица, Костас Кацафадос, за грчкото радио „Скаи“.

„Капетанот на бродот Еурофери Олимпија ги замоли патниците да го напуштат бродот, а на самото место се испратени три патролни чамци и три шлепери на крајбрежната стража“, наведе полицијата.

Инцидентот се случил на северниот брег на грчкиот остров Крф, меѓу Грција и Албанија.

Засега не се познати причините за пожарот, а отворена е истрага, соопшти грчката крајбрежна стража.

Total
0
Shares
Поврзани објави