Видео: Убиецот од Цетиње ликвидира 11 лица и деца кои се креле зад врата – причината кавга за кирија?

Вук Бориловиќ(34) кој уби 11 лица и повреди шестмина во Цетиње до скоро се лечел во психијатриска установа, а масакрот го извршил по кавга со своите потстанари за неплатена кирија, пишува српски Телеграф. Тој се расправал со жената потстанар да му ги плати сметките, а негде околу 16 часот во куќата пристигнал семеен пријател. Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на пријателот со својата ловечка пушка, а потоа излегол на улица и продолжил да пука по луѓето надвор.

Но, според верзија од Стандард, која ja пренесува Блиц, тој прво ја убил жената, која е именувана како сосетка и му се јавил на нејзиниот сопруг да му каже дека ја убил неговата сопруга. Еден од соседите се обидел да ги спаси децата кои според неофицијални информации се сокриле од вратата, но Бориловиќ ги убил и нив и М.М. кој се обидел да ги спаси. Бориловиќ го бркал М.М низ дворот пред да го убие.

Според неофицијалните информации на овој портал, Бориловиќ пред неколку дена ги преселил сопругата и своите деца во Херцег Нови.

Полицијата веднаш реагирала и се обидела да го совлада напаѓачот, кој одбил да се предаде и пукал во полицајците. Бориловиќ не давал болничките возила да стигнат до повредените.

Полицајците потоа испукале неколку истрели во правец на напаѓачот, кој во таа прилика бил убиен. Форензичарите се моментално пред куќата во која Бориловиќ ја започна својата крвава епизода.

Според луѓето кои живеат во Цетиње, во масакрот биле убиени медицинска сестра и нејзините два сина. Нивниот кум, кој дошол да ги провери, бил убиен на лице место.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Пендаровски бара организаторите во Тетово и Чаир каде имаше провокативна националистичка иконографија законски да се санкционираат

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски утрово испрати реакција по повод посетата на косовскиот премиер Албин Курти, каде во…