(видо) Шест лица загинаа во синоќешниот напад на Киев, но руските сили не напредуваат во градот

Најмалку шест лица загинаа во синоќешниот бомбашки напад врз трговски центар во главниот град на Украина, Киев. Шест тела беа положени пред трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подилски, јавија агенциите.

Нешто пред 23 часот, 10-катницата ја погоди силна експлозија, која уништи возила на паркингот и остави кратер широк неколку метри. Изгорениот трговски центар се уште чади, пишува The Guardian.

Повикувајќи се на британското разузнавање, Ројтерс јави дека руските сили кои напредуваа кон главниот град на Украина, Киев од североисток, се во застој.

Најголемиот дел од руските сили остануваат на повеќе од 25 километри од центарот на Киев, соопшти британското воено разузнавање.

„Тешките борби продолжуваат северно од Киев“, соопшти Министерството за одбрана. „Силите кои напредуваат од правецот на Хостомел кон северозапад се одбиени од жестокиот украински отпор.

Украина ги отфрли и руските повици бранителите да го положат оружјето во опколениот град Мариупол.

„Не може да стане збор за какво било предавање, положување на оружјето“, рече вицепремиерката Ирина Верешчук како одговор на понудата на Москва да ги пушти жителите на Мариупол да го напуштат градот доколку го предадат оружјето.

Веќе ја информиравме руската страна за ова“, изјави Верешчук, пренесе порталот „Украинска правда“.

Украина и нејзините западни поддржувачи велат дека руските копнени сили постигнале мал напредок во изминатата недела, концентрирајќи ги своите напори на артилериски и ракетни напади – често во урбаните центри.

Руската агресија врз Украина влезе во 26. ден. Мариупол се уште е под гранатирање, а украинската обвинителка Ирина Венедиктова објави дека шест европски земји почнуваат да ги истражуваат руските воени злосторства. Започнува нова рунда преговори.

Гувернерот на областа Ривне, Виталиј Ковал изјави дека руските сили ги погодиле воените полигони во градот со две ракети. Засега нема информации за жртви или материјална штета. Градот Ривне се наоѓа на 300 километри западно од Киев.

Претходно, украинската државна служба за итни случаи соопшти дека е запрено истекувањето на амонијак во хемиската фабрика во Сума.

Нападот врз Украина започна со преминување на границата на руските војници или слетување по море и воздух на 24 февруари. Но, западните земји велат дека очекувањата на Русија за брза победа и смена на владата на претседателот Володимир Зеленски се уништени и нејзините инвазивни сили се заглавени.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Роман Абрамович отруен

Портпарол на рускиот милијардер Роман Абрамович потврди за неговата влошената здравствена состојба откако наводно бил затруен за време…