Вкупно 1 143 лица се изјасниле како Македонци на пописот во Бугарија

bulgarian flag in veliko tarnovo tsarevets; Shutterstock ID 430299361; NP: Congress News

Бугарите сочинуваат 84,6 отсто од населението, втора етничка група се Турците со 8,4, а трета Ромите со 4,4 отсто од оние што се изјасниле на пописот.

За време на последниот попис на населението на Бугарија во септември минатата година како Македонци се изјасниле 1.143 лица. Тоа денеска го соопшти Националниот статистички институт на Бугарија соопштувајќи ги податоците за етничката припадност на населението според одговорите на попишаните.

Со датумот 7 септември 2021 за Бугари се изјасниле 5.118.494 лица или 84,6 отсто од оние што одговориле на прашањето за етничката припадност. Втора по големина етничка група се Турците –  како такви се определиле 508.378 лица, или 8,4% о од оние што одговориле.

Трета група се Ромите – 266.720 лица се изјасниле како такви, или 4,4%.

Total
0
Shares
Поврзани објави