Владата може да го преземе работењето на БЕГ

Владата разгледува опција за времено преземање на работењето на компаниите кои имаат лиценци за обезбедување на топлинска енергија, меѓу кои и Балкан енерџи груп, која обезбедува топлинска енергија за најголемиот дел од Град Скпје, најави синоќа мандатарот, Димитар Ковачевски.

-Министерството за финансии обезбеди финансиски средства за БЕГ за набавка на гас од развојната банка на Северна Македонија. Ттие им се понудени меѓутоа за тоа БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција за која ќе го обезбеди кредитот нормално според пазарни банкарски услуги. Доколку тоа не се случи тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје. Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење зимава, порача Ковачевски.

Тој рече дека според законите, топлинската енергија и БЕГ, односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје.

– Град Скопје треба да биде свесен дека треба и тие да предвидат мерки, кои очигледно не се предвидени во рамки на нивниот буџет за справување со оваа криза. Без оглед на тоа, веќе во Владата економскиот тим одржа состанок на кој се разгледа ситуацијата и прво сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови, што значи според цената на гасот која ја набавува операторот на системот во Град Скопје, додаде Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера најави дека БЕГ може да остане и без лиценца ако не испорача топлинска енергија за скопјани.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес во Охрид

Утрово во 3:26 часот бил регистриран земјотрес во близина на Охрид со јачина од 3,1 степен според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот бил…