Воз удри во комбе во Велес, повредени се најмалку десет лица

Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа која денеска се случи на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Повредените се пренесени во Општата болница во Велес каде им се укажува лекарска помош.

До несреќата дошло откако на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ се судриле воз на „Македонски железници“ и такси возило – комбе. Комбето кое било управувано од 52-годишник со иницијали Д.Ј., било со велешки регистарски таблички и во сопственост на такси компанија од Општина Чашка.

Случајот бил пријавен денеска во 12 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, чија екипа извршила увид на местото на настанот.

Во изјава за ТВ Клан, градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, пак, изјави дека во сообраќајката се повредени 12 лица, но кажа дека во сета несреќа, среќата била на страната на патниците, зашто поминале со полесни повреди. Патниците, како што кажа тој, од Велес си оделе кон своите домови во селата Мелница и Чашка кога се случила несреќата.

Total
0
Shares
Поврзани објави