Војната во Авганистан заврши, прогласија талибанците

Војната во Авганистан заврши, изјави портпаролот на талибанците Забихула Муџахид, прогласувајќи ги оние што продолжуваат да се борат против нив за непријатели на земјата и на авганистанскиот народ.

Прогласувањето се случи за време на прес-конференција на Муџахид, која се одржа денеска во авганистанскиот главен град Кабул.

Со завршувањето на конфликтот, талибанците се надеваат дека ќе има „стабилен Авганистан“, рече портпаролот, според локалниот весник ТОЛОњуз. Ќе се формира исламска и одговорна влада за да се постигне оваа цел, додаде тој.

Што се однесува на оние што се против владеењето на талибанците и што зедоа оружје, Муџахид рече дека тие им се „непријатели на народот и земјата“. Говорејќи за надворешнополитички прашања, Муџахид инсистираше дека талибанците се заинтересирани да имаат „добри односи со светот“.

Портпаролот тврди дека војната завршила и покрај нејасната ситуација во долината Панџшир, која останува последното упориште на авганистанскиот отпор. Локалниот Фронт за национален отпор во Авганистан (НРФ), под команда на Ахмад Масуд, во последните две недели се бори со талибанците во таа област.

Претходно во понеделникот талибанците објавија дека презеле „целосна контрола“ врз планинската провинција Панџшир, богата со ресурси. Но НРФ брзо ги демантираше тие тврдења, велејќи дека ги задржала клучните позиции во областа и продолжува да се бори.

Total
0
Shares
Поврзани објави