Во вторник ќе почне постапката за избор на нов лидер на СДСМ

По денешните разговори со Гаши, Заев најави дека ќе свика седница на Централниот одбор и дека ќе ја поднесе оставката што ја најави на чело на партијата, по што би почнала процедурата за избор на негов наследник

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој ја извршува оваа функција од 2013 година, во три мандати, најави дека за вторни ќе закаже седница на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, каде што, како што најави, ќе ја поднесе оставката на партиската функција.

Иако најави дека ќе се избира и нова Влада, со нов мандатар, Заев не потврди дека негов наследник ќе биде Димитар Ковачевски, кој го придружуваше на денешната средба со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. На барање на новинарите да му постават прашања на Ковачевски, Заев рече дека денеска само тој ќе дава изјава.

На прашање што ќе прави Алтернатива доколку реши да влезе во Владата, додека да завршат процедурите во СДСМ за избор на нов лидер кој би бил мандатар, Гаши рече дека Алтернатива не сака да се меша во внатрешните работи на СДСМ како партија.

Од вторник, за кога Заев најави состанок на органите на СДСМ на „Бихаќска“, ќе почне да тече рокот од 15 дена, во кои, според партискиот статут, треба да бидатраспишани внатрепартиски избори за лидер, кога треба да се одреди и датумот за нивно одржување.

Total
0
Shares
Поврзани објави