Во изгорениот автобус загинале две близначиња, од вкупно 12 деца (нови детали за несреќата)

Според податоци што македонските власти ги добиле од надлежни институции во Бугарија, автобусот, припаѓал на автобускиот превозник „Беса транс“. Според неофицијални информации, во него имало и македонски и албански државјани.

Според Бгнес, меѓу загинатите имало 12 малолетници, меѓу кои и две близначиња. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале 7 лица – 2 жени и 5 мажи, чија здравстена состојба се смета за стабилна и се сместени во болницата „Пирогов“.

Според неофицијални информации, патниците се враќале од Истанбул. Автобусот синоќа по 21 часот влегол во Бугарија преку граничниот премин Капитан Андреево, (на бугарско-турската граница), а сообраќајна незгода се случила утрово околу 3 часот на магистралата „Струма“ во насока Софија – Благоевград.

„Ова е човечка трагедија непозната по нејзините размери”, изјави утрово заменикот главен обвинител, Борислав Сарафов.

Според него телата биле изгорени до непрепознатливост. На местото на трагедијата веднаш отпатувал тим од лекари по судска медицина. Првичните информации се дека меѓу настраданите немало бугарски државјани и се претпоставува дека се македонски државјани. За несреќата има две верзии: грешка на возачот, или ненадеен технички дефект.

Во моментов не се знае точната бројката на патници во автобусот, бидејќи наводно во конвој возеле четири автобуси, застанувале на постојки за одмор на патниците, и се смета дека можеби имало и префрлување на патници од еден во друг автобус.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Три медицински сестри, вработен во техничка служба на Инфективното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопјe и четворица пазарни инспектори, еден санитарен инспектор, новозаразени во кумановско

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани 24 новозаболени од коронавирус. Од нив 15 се…