Во Украина загина новинар

Украинскиот новинар Олександар Махов, кој се пријави во армијата по руската инвазија на Украина, загина во борбите со руските или близу градот Изум во североисточниот дел на Украина.

Веста за смртта на 36-годишниот новинар ја објави украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеообраќање.

„Секогаш беше меѓу најхрабрите, меѓу првите во редот“, истакна Зеленски во обраќањето утрово.

Украинскиот претседател порача дека Русија ќе сноси одговорност за оваа смрт, како и дека Украина ќе извојува победа, што било и сонот на загинатиот новинар.

Махов беше новинар познат по графичките прикази од конфликтните зони, кој исто така известувал и од Антарктикот. Се борел и во конфликтот од 2014 година во Донецк и Луганск.

Махов е осмиот новинар жртва, од почетокот на руската инвазија, пред повеќе од два месеца.

Total
0
Shares
Поврзани објави