Во хотели во Банско се отворија лаборатории за Ковид-19 тестирање

Голем број на познати хотели во популарниот ски центар Банско, соседна Бугарија, отворија сопствени мобилни лаборатории, каде гостите можат да направат Ковид – 19 тест.

Со цел да им се удоволи на туристите и да бидат поштедени од барање на лаборатории и закажување на тестирање, повеќето хотели се решиле самите да ја обезбедат оваа услуга, за која се наплаќа по 15 лева, односно околу 500 денари.

-За ваше задоволство е осигурана мобилна лабораторија! Доколку ПЦР тестот при доаѓање е позитивен, во целост ви се враќа уплатената сума за хотелскиот престој. Ако пак во тек на престој добиете позитивен резултат, ви се враќа сумата за оние денови и услуги кои нема да ги искористите – наведено е во соопштенијата од хотелите.

Како што појаснуваат хотелиерите, според тамошното Министерство за здравство од 20-ти октомври за престој во хотел е потребен зелен сертификат, или пак ПЦР тест валиден 72 часа, односно брз антиген тест валиден 48 часа. На 10-ти октомври Бугарија ги повлече рестрикциите за македонските државјани, кои можат да влезат во земјата само ако имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11-от до 180-от ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

И покрај предупредувањата на епидемиолозите за новиот Ковид бран, сепак интересот на нашите граѓани за зимување во Банско не е намален, и во туристичките агенции веќе се нудат различни аранжмани за сезоната 2021/2022.

извор: Фокус

Total
0
Shares
Поврзани објави