Втор инцидент во Албанија, запалени 60 лежалки

На плажа во албанската приморска област Дримаде кај Дерми ноќеска изгореле 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска албанските медиуми.

Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим, пренесува порталот Балкан веб.

Според порталот AБЦ Албанија, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на плажите во оваа област.

Вчера, ваква расправија заврши со четирикратно убиство и со двајца повредени, откако две семејства имале нерасчистени односи околу управувањето со плажа кај Велипоје.

Настанот, според албанските медуми негативно влијае врз угледот на Албанија, токму на почетокот на туристичката сезона.

-Конфликтите со огнено оружје, кои се случуваат на јавни места и во екот на туристичката сезона, ги загрозуваат животот и здравјето на десетици граѓани, но од друга страна сериозно ја нарушуваат сликата за Албанија кај домашните и странските туристи. Плажите и центрите на нашите градови не заслужуваат да личат на бојните полиња на Дивиот запад. Значи, во оваа ситуација, која се чини излезе од контрола и која за жал произведува жртви секој ден, секој висок државен орган мора да ги преземе своите должности и да се откаже од цинична пропаганда, која не може да ги покрие вистините, за кои сите гледаме, реагираше албанскиот претседател Илир Мета.

Total
0
Shares
Поврзани објави