Вучиќ ги повика македонските граѓани да не отфрлаат нешто априори, туку убаво да размислат пред нешто да прифатат, или одбијат

Бриселскиот договор не беше лесен ниту за Србија, а многу луѓе, посебно Србите на Косово и Метохија, не сакаа ни да слушнат, ни да го прифатат, сега на тој договор се повикуваме најмногу, вели претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во Тема на денот на Сител. Вучиќ, ги повика македонските граѓани да не отфрлаат нешто априори, туку убаво да размислат пред нешто да прифатат, или одбијат. 

-Кога го прифаќавме Бриселскиот договор во 2013 година, тоа беше многу тежок Договор за нас со многу ставки, за кои луѓето во Србија не сакаа ни да слушнат, ни да ги прифатат. Посебно Србите на Кoсово и Метохија. Јас цел ден и цела ноќ бев напаѓан, но го бранев тој договор, а денес тој Договор, е Договор на кој се повикуваме најмногу.Но зошто ова го говорам. На македонските граѓани … Пак ќе кажам тие подобро знаат од мене дали е нешто добро или не, за националните интереси на нивната земја. Само ги молам луѓето да размислат, да размислат да не прифаќаат, или да не отфрлаат нешто априори – рече Вучиќ.

Претседателот на Србија, посочи на бенефитите кои ги добила неговата држава со стартот на преговорите со ЕУ.

-Ги отворивме преговорите за членство во ЕУ, но после тоа ние повеќе од дупло ги покачивме нашите плати. Ние имавме плати на ниво како во Северна Македонија, денес платите кај нас се 640 евра просечна, а наскоро и 720 евра. Во Белград наскоро платите ќе одат над 990 евра, веќе во месец јануари. Добивме огромен број на инвестиции, 62% вкупно од инвестициите за Западен Балкан. Нас отворањето на преговорите со ЕУ многу ни помогна. Дали е се сјајно и убаво? Секако дека не.

Ништо не е убаво и лесно. Но се поставува и друго прашање. Што е алтернатива? Јас затоа само ги молам луѓето кога за тоа размислуваат, не политичарите, туку обичните луѓе тоа да го постават на таков начин. Да не се оди со емоции, никого не му се потреби немири меѓу народот и полицијата. Никого. Тоа е единствено што можам да им го кажам на луѓето. Ги молам да се чуваат едни со други. Кажав што Србија изгуби а што доби, сами размислете и донесете одлука-рече Вучиќ

Тој уште еднаш посочи за искреното пријателство на Србија кон Северна Македонија, не само преку Отворен Балкан , туку и преку зајакнување на билатералните односи меѓу двете земји што Северна Макеоднија ги отвори преговорите со ЕУ.

-Ако ги отворите преговорите, ќе ја имате и тука нашата дополнителна поддршка бидејќи ние низ тоа поминавме – рече српскиот претседател.

Total
0
Shares
Поврзани објави