Вучиќ изјави дека се надева оти САД ќе одлучат КФОР и ЕУЛЕКС да ги вршат полициските работи на северот на Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се надева оти САД ќе одлучат КФОР и ЕУЛЕКС да ги вршат полициските работи на северот на Косово, по одлуката на Србите да ги напуштат институциите.

-Мислам дека тоа може да придонесе за мирот. Ако (Американците) мислат тоа да го прават Албанците, а тоа не е во согласност со Бриселскиот договор и волјата на народот, стравувам дека тоа ќе води кон катастрофа – изјави Вучиќ.

КФОР ги претставува официјалните вооружени меѓународни мировни сили под водство на НАТО, додека ЕУЛЕКС е мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово.

Претставниците на Србите на 5 ноември поднесоа оставки во локалните самоуправи на северот на Косово, во судството, полицијата и Владата и Собранието.

Одлуката беше донесена откако косовските власти почнаа да го спроведуваат планот за пререгистрација на возила со регистарски таблички издадени од српските власти.

Total
0
Shares
Поврзани објави